Македонски Баскет

Добредојдовте на единствениот блог за Македонската кошаркарска федерација!

“Вијести“: Македонските навивачи пример за тоа како спортски се искажува љубовта кон својата земја

Ако некој навистина заслужи да мине во вториот круг од групата “Ц“ на европското првенство во кошарка, тогаш тоа сигурно е Македонија. Владо Илиевски и неговите другари од тимот во сите мечеви досега буквало гинеа на паркетот, но има уше една причина, а тоа се феноменалните македонски навивачи! Околу 400 допатувале во Алитус. Некои се сместени во хотели, други приватно, а трети, пак, допатувале со камперски трејлери… Но, сите еднакво, додека имаат сила во грлата го бодрат својот тим, му даваат сила и кога играта оди, но и кога работите ќе тргнат по надолна линија. Они се токму тие кои извлекуваат повеќе од 100 отсто од своите миленици.

Вака подгоричкиот дневен весник “Вијести“, ги опишува навивачите на македонската кошаркарска репрезентација, на европското првенство во Литванија.

Тешко е човек да не се наежи кога се интонира нивната химна и покрај големата галама која ја прават над новинарските места. Навистина е трогателно да се види како се искажува љубовта кон својата земја.

И што е најважно од се’, тоа се прави на еден многу фер и коректен начин, не навредувајќи никого. Го покажаа Македонците тоа и на натпреварот со Грција – кога се интонираше грчката химна, земја која е лут ривал на Македонија и која им го ускратува правото на име, беше упатен само еден свиреж, а тој навивач веднаш беше укорен од останатите. По завршувањето на интонацијата на грчката химна, од трибината, која буквално е целата обоена во жолто и црвено, се чу громогласен аплауз…

А потоа згрме: “Едно име имаме, во душата го носиме, за тебе живот даваме – Македонијо!“.

Понатака “Вијести“ пишува и дека на натпреварот Македонија-Грција, на трибинити присуствувале и пет ракометарки од Подгорица.

“Сениорската репрезентативка Билјана Павичевиќ, јуниорската репрезентативка Тамара Стојановиќ, потоа Данијела Матановиќ, Андреа Кликовац и Ана Стојановиќ. Тие настапуваат за македонскиот тим Жито Прилеп, кој во саботата во близина на Алитус, во првиот натпревар од првото коло на Купот на куповите, играше против литванската Гарлиава и славеше победа со три гола разлика (22:19)“, се вели во текстот.

“За жал неможеме да останеме да го гледаме мечот на црногорската репрезентација против Хрватска. Хотелот во кој сме сместени е оддалечен околу 30 километри од Алитус, а екипата се враќа веднаш по натпреварот меѓу Македонија и Грција. Многу ни е жал, но се надеваме дека Црна Гора ќе слави победа “, изјавила Билјана Павичевиќ.

Advertisements

ВИДЕО: Во Литванија се пее “Македонско Девојче”

Македонија лидер на групата Ф откако ги победи и БиХ

По освојувањето на првото место во групата Ц, Македонија со четири поени во новоформираната група Ф ќе ги продолжи натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Литванија.

Со последната победа над Босна и Херцеговина, Македонија заврши на првото место во групата Ц, а во следната фаза се пласира со четири поени од победите против Грција и Финска.

Во новоформираната група Ф, на Македонија, Грција и Финска, има се придружуваат Русија, Словенија и Грузија од групата Д.

Македонија и Русија имаат по четири поени, Словенија и Грција по три, а Грузија и Финска по два. Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра против репрезентациите на Русија, Словенија и Грузија, а од овие три натпревари, потребна ќе ни биде само една победа за да бидеме помеѓу четирите првопласирани репрезентации кои од оваа група ќе се пласираат во четврт-финалето.

По пауза од два дена, прв противник на Македонија е Грузија, а потоа следат Словенија и Русија.

Група Ф:
1. Македонија 2-0; 4 поени
2. Русија 2-0; 4
3. Грција 1-1; 3
4. Словенија 1-1; 3
5. Грузија 0-2; 2
6. Финска 0-2; 2

Распоред:
08.09 14:30 Грузија – Македонија
10.09 14:30 Македонија – Словенија
12.09 14:30 Русија – Македонија

%d bloggers like this: